Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.
Во шпанскиот гигант го гледаат 22-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од Реал знаат дека евентуалниот трансфер би бил скап и тежок за реализација, но во предвид го земаат големиот потенцијал за развој на играчот.
Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“ каде оваа сезона постигна 6 гола и 10 асистенции.
„Кралевите“ имаат голем буџет за трансфери ова лето, па се спремни да понудат 70 милиони евра, но Челзи во моментов не сака да го продава играчот.