Дома Трансфер зона Реал Мадрид тргнува по младата ѕвезда на Сити

Реал Мадрид тргнува по младата ѕвезда на Сити

Реал Мадрид ова лето реши да не троши многу пари на фудбалски ѕвезди, туку да ангажира млади фудбалери кои ќе се развиваат под водство на Зидан и ќе бидат иднина на клубот.

Пристигнаа Тео Хернандез од Атлетико Мадрид и Дани Себаљос од Бетис, двајца фудбалери пред кои е голема иднина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според шпанските медиуми „кралевите“ сакаат да продолжат со таквата политика па покажуваат силен интерес кон младата ѕвезда на Манчестер Сити, Брахим Дијаз кој во текот на припремите покажа дека поседува огромен потенцијал.

Постигна и гол против Реал на припремите, но покрај големата конкуренција на „Етихад“ јасно е дека ќе има мала минутажа.

„Граѓаните“ го доведоа 2015 година од Малага кога имаше само 16 години, но сега би можел да се врати во татковината бидејќи Реал покажува сериозен интерес за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…