Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по Канте

Реал Мадрид тргнува по Канте

Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со Нголо Канте и сака да го донесе на лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Анчелоти е во потрага по играч кој ќе може да биде алтернатива за Каземиро и смета дека Канте перфектно би се вклопил во неговиот стил на игра.

31-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и би можел да го напушти Челзи, бидејќи нема најава за продолжување на соработката.

Сепак, во моментов во Челзи се е „блокирано“ и се чека новиот сопственик, но медиумите тврдат дека на лето ќе има големи промени.

Реал внимателно ја следи ситуацијата и веќе стапил во контакт со агентот на Канте, па на лето сигурно ќе испрати понуда за Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…