Дома Трансфер зона Реал Мадрид со 60 милиони евра тргнува во (не)возможна мисија?

Реал Мадрид со 60 милиони евра тргнува во (не)возможна мисија?

Во летото кое следи Реал Мадрид би можел повторно да тргне во засилување на одбраната, а како што пренесуваат шпанските медиуми една од желбите на „кралевите“ ќе биде Жоао Кансело, фудбалерот на Манчестер Сити.

Фудбалерот на „граѓаните“ со текот на времето стана еден од најважните фудбалери во тимот на Пеп Гвардиола и португалската репрезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кансело игра на повеќе позиција во одбраната и тоа многу му се допаѓа на тренерот Карло Анчелоти. Меѓутоа проблемот за Реал Мадрид е што Кансело со Манчестер Сити има договор до 2027 година.

Треба да се потсети дека Реал се поврзуваше со Кансело уште во периодот кога Португалецот го носеше дресот на Валенсија. Првата понуда според „АС“ со која Реал може да ја тестира ситуација би изнесувала околу 60 милиони евра.

Сепак, во овој момент ваков трансфер не изгледа реално затоа што тешко може да се очекува Гвардиола да се откаже од услугите на еден од своите најважни играчи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…