Дома Фудбал Реал Мадрид со огромни загуби поради пандемијата!

Реал Мадрид со огромни загуби поради пандемијата!

Пандемијата со коронавирусот ги погоди и фудбалските клубови кои бележат милионски загуби.

Имун на пандемијата не остана ниту Реал Мадрид, кој загубил повеќе од 100 милиони евра од приходите, пренесуваат шпанските медиуми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според извештајот, мадриѓаните имаат загуба за 13% во приходите, што е преку 100 милиони евра, а без оглед на кризата, со низа мерки што клубот ги преземал, на крајот оставил нето добивка од 313 илјади евра.

„Кралскиот клуб“ сезонава ќе има 617 милиони евра за трошење, односно 300 милиони евра помалку од планираното пред пандемијата.

Ова најверојатно значи дека нема да има посериозни трансфери следното лето, иако се најавуваше дека Реал ќе тргне по потписот на Килијан Мбапе. 

Финансиската криза им создаде големи главоболки на „кралевите“ кои потрошија половина милијарда евра за реновирање на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …