Реал Мадрид се вклучи во трката за потписот на играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум.
Договорот на 30-годишниот Холанѓанец со „црвените“ истекува на крајот на сезоната и двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вајналдум веќе во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб, а интерес за него покрај Реал Мадрид покажуваат уште Барселона и Интер.
Клубот од „Енфилд“ ќе направи се за да го задржи играчот во своите редови и му понудил 3-годишен договор со значително зголемување на платата.
Во следните два месеци Вајналдум треба да одлучи дали ќе стави потпис на нов договор со Ливерпул или сепак ќе ја промени средината идното лето.