ЏЕРЕМИ ДЕ ЛЕОН е 19-годишен фудбалер од Порторико, кој настапува за Кастелон во третата шпанска лига.
Тој наскоро ќе се пресели во Реал Мадрид. Се очекува тој да игра за младиот тим на мадридскиот гигант пред да докаже дека има место за него во најсилниот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сакаа да го доведат и Виљареал и Валенсија. Тој игра на позицијата десно крило, а може да се користи и на лево и како напаѓач.
Со просечни 32 минути на 14 натпревари оваа сезона, забележа една асистенција. Иако не му е загарантирано место ниту во стартниот состав на својот клуб, Реал во него препозна талент кој вреди да се надградува.
Напаѓачот, кој Трансфермаркт го проценува на 200.000 евра, ќе започне со натпревари во Кастиља под водство на Раул, по што ќе се види колку може да напредува и дали може еден ден да заигра во најсилниот тим на клубот.
Во својата 121-годишна историја, Реал имаше само еден Порториканец. Едуардо Ордонез пристигна во клубот во 20-тите години на минатиот век. По фудбалот се посвети на операта.