Фудбалерот кој пред три години пристигна во Реал Мадрид како најголем талент во Европа, Мартин Одегард повторно се сели на позајмица.
19-годишниот Норвежанец до сега има запишано само еден настап за Реал Мадрид, а минатата сезона ја помина на позајмица во Херенверн. „Кралскиот“ клуб потврди дека Одегард оваа сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Витесе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одегард важеше за еден од најголемите таленти во светот и за него силен инетерс покажуваа најголемите европски клубови, а тој во 2015 година го избра Реал Мадрид.
Меѓутоа, Норвежанецот до сега запиша само еден настап за „кралскиот“ клуб и очигледно во Мадрид не сметаат на него.
Official Announcement: Odegaard#RealMadrid https://t.co/1KfEakUMyb
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) August 21, 2018