Дома Фудбал Останато Реал Мадрид остана и без Крос за последното коло во Ла Лига

Реал Мадрид остана и без Крос за последното коло во Ла Лига

Играчот за врска на Реал Мадрид Тони Крос е позитивен на коронавирус откако од крајот на минатата недела беше во изолација.

Германецот мораше да оди во изолација затоа што беше во контакт со заразено лице, а четири дена подоцна беше позитивен на коронавирус.

Тоа значи дека Германецот ќе го пропушти одлучувачкиот меч од последното коло во Ла Лига против Виљареал и тоа е голем удар за Зинедин Зидан. Надвор од тимот се уште Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Менди, Лукас Васкез, сега дефинитивно отпадна и Крос.

Реал има два бода помалку од Атлетико и ќе стане шампион ако го победи Виљареал, а тимот на Симеоне не победи против Ваљадолид.

Одлучувачките натпревари за титулата на програмата се во сабота од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалија без Роналдо: Убедлива победа над Данска

Португалија без Роналдо ја совлада Данска со 4-2, покажувајќи напредок во нападот. …