Во Реал Мадрид биле разочарани од однесувањето на нивните кошаркари во натпреварот со Партизан, па поради тоа подготвиле жестоки казни за учесниците.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пишуваат дека некои играчи би можеле да останат и без договор. Се шпекулира дека Гершон Јебуселе кој со боречки зафат го собори Данте Егзум ќе добие раскинување на договорот. Кошаркарот веќе се извини преку социјалните мрежи, меѓутоа во Реал сметале дека сериозно се нарушува имиџот на клубот.
„Кралевите“ прво ќе почекаат да ги видат санкциите од Евролигата, а потоа ќе се одржи состанок на кој ќе се одлучува за казни од нивна страна.
Партизан е блиску до пласман на фајнл-форот и веќе има 2:0 против шпанскиот гигант. Следниот натпревар помеѓу овие две екипи се игра во вторник во Белград.