Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, се појавил голем проблем помеѓу Реал Мадрид и нивниот капитен Серхио Рамос.
Станува збор за новиот договор. Капитенот на Реал има договор до 2021. година, а се уште не почнал преговори за нов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога ќе му истече договорот Рамос ќе има 35 години, и прашање е дали челниците на Реал воопшто ќе му го продолжат договорот.
Рамос сака договор до 2023. година и тоа претставува еден од проблемите, бидејќи Реал на играчи постари од 32 години им дава само едногодишни договори.
Исто така, проблем претставува и финансискиот фер плеј бидејќи Реал тешко може да си дозволи да издвои околу 14 милиони евра по сезона за некој кој има 35 години.