Toни Крос веќе објави дека на крајот од сезоната заминува во играчка пензија, а во Реал Мадрид се подготвуваат да го пополнат местото.
Според последните информации од Шпанија во Реал во овој момент разгледуваат две можни опции за засилување во средниот ред.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпански „Ас“ како потенцијално решение го најавува Џошуа Кимих од редовите на Баерн Минхен, но тука е и човекот кој блеска во важните натпревари за Манчестер Сити, Родри.
Крос во Реал Мадрид се пресели од Баерн Минхен во 2014 година и од тој момент одигра 463 натпревари во кои постигна 28 гола и подели 98 асистенции, па така израсна во вистинска легенда на клубот.