Дома Фудбал Реал Мадрид започнува од второ, Барса од трето коло во Примера

Реал Мадрид започнува од второ, Барса од трето коло во Примера

Новата сезона во Примера ќе стартува викендот на 12/13 септември, а сега се јасни и деталите.

Во првото коло нема да ги гледаме шампионот Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља. Поради ангажманот во европските натпреварувања тие сезоната ќе ја започнат покасно.

„Кралевите“ ќе стартувата од второто коло, а Барса, Севиља и Атлетико од третото коло. Од третото коло ќе стартува и последниот патник во Примера, бидејќи се уште се игра плејофот помеѓу Жирона и Елче.

Оваа сезона во Шпанија ќе има натпевари и за Божиќ, но и на 30-ти декември. Суперкупот ќе се игра во истиот формат како оваа сезона (четири екипи) во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…