Во последно време се погласни се шпекулациите дека Рафаел Варан на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.
Шпанските медиуми пренесоа дека Французинот наводно донел конечна одлука и му соопштил на раководството дека сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година и во него откупна клаузула од вртоглави 500 милиони евра. Зинедин Зидан е категоричен во намерата да го задржи сонародникот, па клубот ќе направи се за да го убеди дефанзивецот да остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Денешното издание на „АС“, весник близок до Реал Мадрид тврди дека раководството на „кралевите“ донело конечна одлука и не сака да го продаде Варан. Прво затоа што во Реал се убедени дека на пазарот нема адекватна замена за 25-годишниот Французин, а второ сметаат дека со неговата продажба клубот ќе покаже слабост.
„Кралевите“ се спремно да му понуди нов договор со значително зголемување на платата, па според новиот договор Варан ќе заработува 9 милиони евра по сезона.
Реал нема ни да ги разгледува понудите кои ќе пристигнат за Варан и дефанзивецот може да си замине само ако некој клуб ја плати откупната клаузула од 500 милиони евра, што е практично невозможно.
Real Madrid have decided. They won't entertain offers for Varane unless someone willing to part with his €500 million release clause. https://t.co/aHzLNxdla2
— AS English (@English_AS) April 11, 2019