Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи, пренесуваат англиските медиуми.
Германецот оваа сезона не играше на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината и веќе го известил раководството на Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за Хаверц покажува Реал Мадрид, кој е во потрага по засилување во нападот, а Хаверц може да игра и како класичен напаѓач, но и на други позиции во нападот.
Анчелоти е голем симпатизер на квалитетите на Германецот, а и Флорентино Перез е интригиран од идејата да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.
Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а медиумите тврдат дека Челзи е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда.
🚨🌕 CONFIRMED by @FabrizioRomano: Real Madrid and Carlo Ancelotti REALLY like Kai Havertz. pic.twitter.com/2hZtW6QCfo
— Madrid Zone (@theMadridZone) June 2, 2023