Дома Топ вести Реал Мадрид го пушта Варан во Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид го пушта Варан во Манчестер Јунајтед

Раководството на Реал Мадрид веќе се помирило со фактот дека ќе се раздели со дефанзивецот Рафаел Варан ова лето, пренесува „Марка“.

Варан на лето влегува во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката не одат во добра насока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кралевите“ сакаат да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па се спремни да го пуштат ова лето.

Како што е познато, Манчестер Јунајтед веќе ја започна офанзивата за неговиот потпис.

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед испратил понуда од 40 милиони фунти, односно околу 46 милиони евра, а таа понуда никако не ги задоволува апетите на Перез.

Реал е спремен да го пушти Варан за 60 милиони евра, па се очекува наскоро двата клуба да започнат преговори и да ја „испеглаат“ разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…