Најдобриот фудбалер на светот Лука Модриќ на крајот на сезоната најверојатно ќе ја промени средината, па Реал Мадрид веќе ја започна потрагата по негова замена.
33-годишниот Хрват одби да го продолжи договорот со Реал Мадрид и на лето најверојатно ќе ја заврши авантурата во „кралскиот“ клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Флорентино Перез за наследник на Модриќ е ѕвездата на ПСЖ и италијански репрезентативец, Марко Верати.
Верати е исто така спремен да ја пормени средината во потрага по нова авантура, а Реал Мадрид наводно е спремен да плати помеѓу 80 и 100 милиони евра за неговиот потпис.
Претседателот на „кралскиот“ клуб планира за време на летниот преоден рок да направи сериозна реконструкција на „Сантијаго Бернабеу”, со тоа што ќе ангажира неколку елитни фудбалери, а Верати е на врвот на листата желби.