Дома Топ вести Реал Мадрид влегува во трката за Каи Хаверц

Реал Мадрид влегува во трката за Каи Хаверц

Германскиот „Спорт“ пренесува изненадувачка вест дека Реал Мадрид се вклучила во трката за Каи Хаверц од Леверкузен.

Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Тој минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.

„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми Леверкузен бара 100 милиони евра за неговиот потпис.

Хаверц оваа сезона има 12 гола и 8 асистенции на неговото конто, а покрај Реал за него интерес покажуваат уште Баерн Минхен, Барселона, Челзи, Ливерпул и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…