Денес на програмата се реванш осминафиналните дуели во Лигата на шампиони. Во Дортмунд не се очекува голема неизвесност, па затоа сите очи ќе бидат вперени во Мадрид, каде „кралевите“ ќе го бранат водството од 2:1 од првиот меч
Нова криза за Мадриѓаните
Ако имаше дилеми, сега веќе нема, Реал не игра ни приближно како минатата сезона. Имено, оваа екипа моментално се наоѓа на третото место од шпанската Ла Лига со огромни 12 бода помалку за разлика од Барселона, па скоро е и познато кој ќе ја земе титулата оваа година во Ла Лига. Работите да бидат полоши, зборува и фактот за тоа дека за само неколку дена изгубија два пати од најгоелмиот ривал Барселона. Прво во реваншот од шпанскиот Куп, а потоа и во рамките на Ла Лига. Сега ги очекува реванш дуелот во ЛШ во кој имаат фина предност од првиот натпревар каде што во Амстердам Реал Мадрид славеше со 1:2.
Одлична сезона за Ајакс
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кога ќе се собере и одземе се, фудбалерите на Ајакс засега имаат одлична сезона. Имено, оваа екипа за разлика од својот домаќин Реал се уште е во игра за освојување на сите три пехари. Имаа проблеми во првенството, но лидерот ПСВ направи неколку киксови и повторно ги вметна во трката за титула. Секако треба да се додаде дека Ајакс има меч помалку, а тоа може да значи и големи шанси за титула. Поради сето ова немаме сомнеж дека во одлично расположение патуваат за Мадрид и треба да се додаде дека тренерот на оваа екипа може да смета на сите фудбалери кој може да направат спектакл на Бернабеу.
Ајакс го надигра Реал Мадрид во Амстердам пред три недели но немаа среќа и изгубија со 1:2. На тој меч имаше потреба од ВАР технологијата, а и видовме блесоци на Виникус Жуниор и Марко Асенсио.
Интересно, Реал Мадрид ги загуби последните три натпревари на Бернабеу. Покрај двата порази од Барса, Реал загуби и од Џирона. Но сезонава во Мадрид славеа и екипи од рангот на ЦСКА Москва, Реал Сосиедад и Леванте.
Ајакс имаа една недела да се подготват и да отпатуваат во шпанската престолнина откако го декласираа Фееноорд со 0:3 во Купот, а предходно на два меча по ред постигнуваа по пет голови во Ередивизија.