Дома Топ вести Реал има понуда за Погба на која Јунајтед тешко ќе каже „не“!

Реал има понуда за Погба на која Јунајтед тешко ќе каже „не“!

Зидан е спремен на се за да го доведе својот сонародник на „Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.

Меѓутоа медиумите најавуваат дека Реал нема да се откаже и пишуваат за нова понуда. Наводно во Реал се спремни да понудат 100 милиони евра, плус Герет Бејл.

Бејл се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, па оваа понуда би можела да ги задоволи апетите на Јунајтед.

Погба на „Олд Трафорд“ е потполно непрепознатлив и се добива впечаток дека е незадоволен и дека сака да ја промени средината, но Оле Гунар Солскјер и понатаму за медиумите изјавува дека не е продажба.

Ќе видиме ако навистина ја има оваа понуда како ќе реагираат на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…