Реал Мадрид има големи планови и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд по „пакет“ на лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми откирваат дека во Реал Мадрид се оптимисти дека летото 2024 година можат да го доведат Ерлинг Халанд. Норвежанецот има откупна клаузула во неговиот договор со Манчестер Сити.
Имено, за активирање на клаузулата Реал Мадрид ќе треба да плати помеѓу 220 и 240 милиони евра.
Овој трансфер нема да биде алтерантива на Килијан Мбапе, напротив, Реал сака да ги донесе двајцата во „пакет“. На Французинот му истекува договорот со ПСЖ следното лето и може како слободен агент да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал Мадрид ослободил огромен буџет за плати и има финансиска моќ да ги финансира двата трансфери.