Дома Трансфер зона Реал започна преговори за Камавинга

Реал започна преговори за Камавинга

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добиваше се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга. „Кралевите“ се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис бидејќи сметаат дека Французинот ќе биде идеален наследник за Тони Крос.

За Камавинга интерес покажуваат уште ПСЖ, Јувентус, Милан и Манчестер Сити, но „кралевите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…