Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра за националниот на Олимписките игри во Париз.
Се надеваа Французите дека ќе го гледаат Мбапе на турнирот на кои се домаќини, но тоа како што стојат работите нема да се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според последните информации, Мбапе донел конечна одлука да ги прескокне Олимписките игри и фокусот во тој период сака да го стави само на Реал Мадрид каде што наскоро треба да биде промовиран.
🚨 Kylian Mbappé 𝗡𝗘 𝗝𝗢𝗨𝗘𝗥𝗔 𝗣𝗔𝗦 les Jeux Olympiques ! ❌🇫🇷
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 21, 2024
Le Real Madrid compte sur lui en août.
🗞️ @AranchaMOBILE pic.twitter.com/s0PwE0fmY1
Мбапе секако ќе биде дел од селекцијата на Дешам за Европското првенство, но сепак два турнири во едно лето кога прави трансфер во Реал Мадрид се премногу и за него.
Сепак, останатите млади фудбалери кои ги води Тијери Анери би требало да бидат предводени од Александар Лаказет, Антоан Гризман и Оливие Жиру, па Французите и така имаат силен напад.
На фудбалскиот турнир на Олимписките игри според правилата тројца фудбалери во една репрезентација можат да бидат постари од 23 години. Франција во групната фаза ќе игра со САД, Гвинеја и Нов Зеланд.