Дома Трансфер зона Реал доби жестока конкуренција за Камавинга

Реал доби жестока конкуренција за Камавинга

Шпанскиот гигант Реал Мадрид, и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на најдобриот француски талент, Едуардо Камавинга.

17-годишниот играч за врска одигра одлична сезона во Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе дебитираше за француската репрезентација.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга, но „кралевите“ ќе се соочат со жестока конкуренција бидејќи за играчот силен интерес покажуваат уште Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ.

Рен ова лето не сакаше да го продаде за 50 милиони евра, па се претпоставува дека следното лето цената на Камавинга ќе достигне до 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…