Дома Трансфер зона Реал го пушта Бејл во Тотенхем, но ќе ја добие ѕвездата на „спарси“

Реал го пушта Бејл во Тотенхем, но ќе ја добие ѕвездата на „спарси“

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви се обидува да го врати Герет Бејл во клубот и преговорите се во напредна фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, па Тотенхем сака да го искористи тоа.

Имено, Тотенхем ќе се обиде да го донесе Бејл на двегодишна позајмица, односно до истекот на неговиот договор со Реал Мадрид, а тоа го потврди и агентот Џонатан Барнет.

„Герет го сака Тотенхем, преговорите се во тек. Тоа е местото каде што тој сака да биде“, изјави Барнет.

Сега англиските медиуми пренесуваат дека како „компензација“ за тоа што ќе го пушти Бејл без пари и ќе ја плаќа половината негова плата Реал може да го добие Деле Али.

Мурињо е спремен да го пушти Англичанецот, така што Реал ќе доплати одредена сума за потписот на Деле Али.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…