Дома Фудбал Останато Реал го губи трпението, замената за Бејл пристигнува веќе во јануари и тоа од Милан?

Реал го губи трпението, замената за Бејл пристигнува веќе во јануари и тоа од Милан?

Како што пренесува „Калчомеркато“  екипата на Реал Мадрид покажала интерес за фудбалерот на Милан.

Герет Бејл оваа сезона има големи проблеми со повредите, после серијата натпревари во кои настапуваше и натпреварот против Борусија Дортмунд Велшанецот повторно се повреди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Го пропушти натпреварот против Еспањол во Примера, а како што беше најавувано нема да настапи ниту за репрезентацијата на Велс во квалфикациите за Светското првенство. Тој се појави на собирот на репрезентацијата, но од Велс потврдија дека тој нема да настапи против Грузија.

Во Реал изгледа повеќе немаат трпение, Бејл минатата сезона се мачеше со повредите, сега сагата продолжи, па наводно одлучиле веќе во јанаури да доведат негова замена.

Имено, управата на клубот е спремна од Милан да го откупи договорот на шпанскиот фудбалер Сусо.

Овој крилен фудбалер имаше одлична сезона во дресот на „росонерите“, оваа сезона заигра уште подобро, па Милан го обврза со нов договор според кој има откупна клазула од 40 милиони евра.

Реал е спремен да ја плати оваа сума во јануари, а ова би можело да го отвори патот на клубовите од Премиер лигата во обидот да го доведат Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…