Дома Топ вести Реал во Португалија го најде „новиот Роналдо“

Реал во Португалија го најде „новиот Роналдо“

Без разлика како ќе се заврши сезоната Реал Мадрид спрема сериозна реконструкција на тимот на лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сигурно ќе пристигнат неколку нови ѕвезди на „Сантиаго Бернабеу“, но и млади фудбалери кои треба да бидат иднина на „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал покажува сериозен интерес за Жоао Феликс кого во Португалија веќе го споредуваат со Роналдо.

Феликс има 19 години, игра за Бенфика и оваа сезона веќе постигна 8 гола со само 1000 минути поминати на теренот.

Го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Бенфика планира да му понуди нов договор со откупна клаузла од 100 милиони евра. Поради тоа Реал сака што е можно побрзо да го договори трансферот.

Феликс веќе го нарекуваат „новиот Роналдо“, но по стилот на игра исто така многу потсетува и на Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…