Дома Топ вести Реал беше подобар во првото, Барса во второто – одлуката „паѓа“ на „Бернабеу“! (ВИДЕО)

Реал беше подобар во првото, Барса во второто – одлуката „паѓа“ на „Бернабеу“! (ВИДЕО)

Вечерва не видовме победник на „Ноу Камп“.

Првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп помеѓу Барселона и Реал Мадрид заврши без победник 1:1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Сантијаго Солари тргна прилично офанзивно со многу пресинг, што на крајот им се исплатеше.

Се играше шестата минута кога Винисиус ја префрли топката на другата страна каде што беше Бензема кој го пронајде Васкез за 0:1. После овој погодок Реал продолжи да биде подобар, додека кај Барса се забележуваше дека недостасува Меси.

Имаше Реал неколку добри прилики кои беа упропастени во завршницата, неколку добри контри паднаа во вода, посебно тука мислиме на една ситуација кога „кралевите“ имаа 3 на 1, но Винисус беше себичен.

Во второто полувреме Барселона започна да игра подобро и полека ја превземаше контролата.

Барса напаѓаше, а наградата за трудот на Малком стигна во 59-тата минута. Алба прво излезе 1 на 1 со Навас, Костариканецот одби до Суарез кој од тешка позиција ја погоди стативата. На крајот топката стигна до Малком кој со прецизен удар погодува за 1:1.

Влезе Меси во финишот, Валверде го почуствува моментот, сакаше победа, но Барселона немаше добра завршницата.

Најдобрата шанса за Реал Мадрид ја пропушти Герет Бејл во 82-та минута. Тер Штеген несфатливо го напушти шеснанаесетникот, топката стигна до Велшанецот, голот беше празен, но Бејл не беше прецизен.

Реваншот се игра на „Бернаебу“ на 27-ми февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…