Eкспертот за трансфери, Фабрицио Романо има нови информации за македонскиот голман Столе Димитриевски.
Романо, вчера објави дека клубот од Саудиска Арабија, Ал-Наср испратил понуда за Димитриевски. Наводно, Ал-Наср бил подготвен да плати 3.5 милиони евра за Димитриевски. Таа понуда била одбиена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така, Романо наведува Рајо се надева дека ќе го задржи Димитриевски и во овој момент нема никакви разговори со Барселона.
Ал-Наср е клуб кој важи за еден од најпопуларните во Саудиска Арабија и своите натпревари ги игра во Ријад.
Al-Nassr have offered €3.5m to Rayo Vallecano to sign Stole Dimitrievski as new goalkeeper. No agreement reached between clubs on the fee. 🇸🇦 #AlNassr @AlNassrFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 12, 2022
Rayo hope to keep the goalkeeper. No talks with Barcelona as things stand.