Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.
Извори блиску до играчот за англиските медиуми потврдија дека неговиот телефон постојано звони и агентите му презентираат интерес од многу клубови ширум Европа.
„Манчестер Ивнинг Њус“ пренесува дека најсилен интерес покажува Барселона, која во Англичанецот гледа идеална замена за Осман Дембеле.
Она што е шокантно е што медиумите не ја исклучуваат можноста Рашфорд да ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Сепак, тоа е малку веројатно бидејќи „црвените ѓаволи“ никогаш не би прифатиле понуда од најголемиот ривал.