Дома Фудбал Рафиња надвор од стројот уште пола година

Рафиња надвор од стројот уште пола година

Бразилскиот фудбалер Рафиња нема да може да игра во наредните пола година после операцијата на лигаментите на коленото, соопшти медицинскиот тим на Барселона.

Рафиња тешката повреда ја заработи на натпреварот со Атлетико Мадрид на 11. ноември. Тогаш почуствува болка, но го издржа натпреварот до крајот, иако веројатно беше подобро веднаш да ја напушти играта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После ова, Рафиња ги пропушти натпреварите со ПСВ и Виљареал, а пред неколку дена го подлегна на операција.

„Операцијата на левото колено помина успешно. Се очекува Рафиња да биде надвор од теренот шест месеци.“ – порачаа од Барселона.

Рафиња со години наназад има проблеми со повреди на колената, а веќе имаше слично тешка повреда на десното колено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…