Раул Гонсалес од денеска веќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, потврдија од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Шпанскиот стратег спогодбено ја раскинал соработката со Ракометната федерација на Македонија, една недела по завршувањето на Светското првенство, каде што македонската селекција го освои скромното 15-то место.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ракометната федерација на Македонија и Раул Гонсалес заемно се спогодија да ја прекинат соработката. Поради потребата од селектор кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и поради оддалеченоста и професионалните клупски обврски на Гонсалес, двете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, соопшти РФМ.
Раул беше на кормилото на репрезентацијата од 2017 година и ја водеше Македонија и на Европското пренство во Хрватска.