Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул Гонзалез: Се уште имаме шанси за пласман во следната фаза!

Раул Гонзалез: Се уште имаме шанси за пласман во следната фаза!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез не го криеше незадоволството после убедливиот пораз од Хрватска (31:22).

Според селекторот најголем проблем за Македонија во овој натпревар бил одличниот голман на Хрватска, Шего.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Честитки за Хрватска,одигра одличен меч во одбраната и во нападот. Знаевме дека ќе биде многу тешко против нив па затоа одлучивме да играме со „седум на шест, пробавме и со зоната 5-1, им создадовме проблеми, сепак нашиот проблем денеска беше голманот Шего, тој беше перфектен и ние не можевме тука ништо“, изјави Раул.

„Имавме шанси во второто полувреме, но не искористивме. Важно ми е што дадовме се од себе. Се уште имаме шанси да се пласираме во втората фаза“, заклучи нашиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…