Ливерпул минатата сезона беше најпријатното изненадување во ЛШ, а избраниците на Јирген Клоп дојдоа до самото финале каде на крајот беа поразени од Реал Мадрид.
Во оваа сезона од Ливерпул се очекува многу, а навивачите се надеваат дека клубот конечно ќе ја освои ПЛ. Во составот на Ливерпул немаше многу промени, а за Клоп е најважно што успеа да ги задржи најдобрите играчи и дополнително ја засили екипата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германскиот стручњак на располагање има голем број играчи, но јасно е дека ќе има продажба на Енфидл. Според пишувањата на англиските медиуми Клоп ќе стави на трансфер листа седум играчи. Иако во Англија е завршен преодниот рок тие имаат можност да продаваат на клубови каде преодниот рок се уште не е завршен.
Прв кој би можел да го напушти Енфилд е Рагнар Клаван кој едноставно има пресилна конкуренција во одбраната. Клаван тешко може да се избори за место во тимот покрај Ван Дијк, Ловрен, Матип и Гомез, па се очекува да го напушти клубот. По неговите стапки би можел да тргне и Марко Грујиќ кој најверојатно ќе замине на позајмица во некој од клубовите во Чемпиошип.
На излезните врати се уште Симон Мињоле, Дивок Ориги, Лазар Марковиќ, Педро Чиривела и Шеј Оџо. Клоп отворено им соопштил на овие играчи да не се надеваат на преголема минутажа и за нив ќе биде најдобро да си ја бараат среќата во друга средина.