Дома Фудбал Останато Расправија во Барселона: Пике се пожалил дека малку игра, Чави веднаш му одговорил

Расправија во Барселона: Пике се пожалил дека малку игра, Чави веднаш му одговорил

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике е далеку од најдобрата форма и иако на клупата на Каталонците е неговиот поранешен соиграч Чави Ернандез игра се помалку.,

Сезонава Пике има само два настапи за Барселона, едно полувреме во Лигата на шампионите и 90 минути на еден натпревар во Ла Лига. И на Барселона добро и оди, па како што стојат работите Чави нема намера да го враќа Пике во стартниот тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега „Спорт“ пишува за несогласувања помеѓу Чави и Пике. Ако информациите на каталонскиот медиум се точни тогаш јасно е дека дефанзивецот нема иднина како фудбалер во Барселона.

Наводно Пике се пожалил на некој од соиграчите дека игра премалку, а тоа го слушнал Чави кој веднаш му одговори: Во ред, сега ќе играш уште помалку…

Пике во февруари полни 36 години и очигледно Чави смета дека повеќе не може да игра на највисоко ниво и предност добиваат помладите фудбалери. На лошата форма на Пике веројатно влијаат и случувањата во неговиот приватен живот.

Се најавуваше и во текот на летото дека Пике може да ја напушти Барселона, сепак на крајот остана да се бори за своето место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…