Италијанскиот стратег Клаудио Раниери стави крај на паузата од фудбалот и се врати како тренер. Раниери ќе го води клубот кој му буди убави спомени од почетокот на тренерската кариера.
По 31 година Раниери повторно ќе го води Каљари, а на аеродромот навивачите му покажаа дека не го заборавиле.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раниери кој ја освои историската титула со Лестер во Премиер лигата покажа дека нема проблем да работи и во Серија Б ако смета дека проектот е на тимот е она што го исполнува.
„Ова е навистина е емотивен момент за мене, првпат во животот доживувам вакво нешто. Никогаш никаде не сум пристигнал со толкав ентузијазам. Сега добив уште поголем мотив да работам, се надевам дека ќе помогнам со моето знаење.
Сигурно нема да биде лесно, но ќе се бориме од првиот ден до крајот на сезоната и тогаш ќе видиме што сме направиле“, изјави Раниери.
На Каљари не му оди баш најдобро во намерата да се врати во друштвото на најдобрите затоа што се наоѓа на 11-то место на табелата во Серија Б. Сепак тимот и не е така далеку од местото кое обезбедува плеј-оф.
Cagliari riabbraccia Claudio #Ranieri ✈️📹 pic.twitter.com/giJ7LrFu6s
— Cagliari Calcio (@CagliariCalcio) January 3, 2023