Дома Фудбал Раниери: Роналдо проблем? Дајте ми го, нема да ми биде проблем да игра цело време

Раниери: Роналдо проблем? Дајте ми го, нема да ми биде проблем да игра цело време

Во рамките од 12. коло во Премиер лигата утре помеѓу другото силите ќе ги одмерат Вотфорд и Манчестер Јунајтед.

Пред овој натпревар на прес-конференцијата со новинарите зборуваше менаџерот на Вотфорд, Клаудио Раниери. Тема во неговиот разговор беше и Кристиано Роналдо. Роналдо се врати во Јунајтед, но според статистиката многу се пишува дека тој е најголемиот проблем на „црвените ѓаволи“ сезонава.

„Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Неговото враќање за англискиот фудбал е добар знак. Многу млади играчи го гледаат и сакаат да бидат како него. Навистина одлична одлука за фудбалот тука. Дали Роналдо е проблем? Не, не…Дајте ми го Роналдо, нема да ми биде проблем да игра цело време“, изјави Раниери.

Сезонава Роналдо одигра 13 натпревари за Манчестер Јунајтед во кои постигна девет гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…