Дома Фудбал Рамос проговори за Нејмар и испрати јасна порака до раководството!

Рамос проговори за Нејмар и испрати јасна порака до раководството!

Реал Мадрид вчера не успеа да слави против Ваљадолид пред своите гледачи, па веднаш се засилија шпекулациите за засилување на тимот.

Медиумите се почесто го поврзуваат Нејмар со трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, а на таа тема проговори и капитенот Серхио Рамос.

„Нејмар е врвен фудбалер, тој е меѓу тројцата најдобри во светот“, изјави Рамос.

Сепак, за Нејмар силен интерес постои и од Барселона, па тешко дека Реал ќе може да ја добие битката за потписот на Бразилецот.

Но, не е исклучена можноста „кралевите“ да ангажираат уште едно големо засилување до крајот на преодниот рок, односно втори септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од Минхен: Баерн ја следи ситуацијата во Манчестер Сити и во јануари тргнува по една од ѕвездите?

Манчестер Сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот кој веќе со години го …