Дома Фудбал Рамос предвидува пекол во соблекувалната на Кралевите, само ако пристигне едно од трите имиња…

Рамос предвидува пекол во соблекувалната на Кралевите, само ако пристигне едно од трите имиња…

Реал Мадрид мора нешто да менува. Оваа екипа не може да ја освои титулата, Барселона е предалеку, а по прикажаната игра не се ниту помеѓу главните фаворити за освојување на ЛШ.

На Зинедин Зидан не му е сигурна клупата, па оттаму можно е и тој да замине на крајот од оваа сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се зборува и за ѕвездите кои би можеле да го засилат Реал Мадрид, тука се уште е актуелен Еден Азар, потоа Роберт Левандовски, како и Мохамед Салах.

А, што на ова вели Серхио Рамос?

Тој смета дека пристигнувањето на еден од споменатите тројца би било погубен потег за екипата и дека би настанал хаос. Се работи за тоа дека повеќето фудбалери во овој состав апсолутно го поддржуваат младиот Марко Асенсио кој е еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид оваа сезона, а пристигнувањето на еден од тројцата, особено се мисли на Азар и Салах, него би го ставило во втор план.

Можно е да настане нетрпеливост помеѓу одредени фудбалери, а можено да настане и војна во целата оваа приказна..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…