Дома Топ вести Рамос има „бланко чек“ од ПСЖ, на лето се сели во Париз

Рамос има „бланко чек“ од ПСЖ, на лето се сели во Париз

Шпанскиот медиум „Чирингуито“  вчера ланисраше вистинска „бомба“ и тврди дека Серхио Рамос на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот со Рамос со Реал Мадрид завршува следното лето и двата клуба не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Реал му понудил продолжување на договорот само на една година, односно до 2022 година, а таквиот потег го разочарал Серхио Рамос, кој е спремен да го напушти „кралскиот“ клуб.

Еминентниот новинар Хосе Алварез тврди дека Рамос на маса има „бланко понуда“ од ПСЖ и дека кариерата ќе ја продолжи во Париз.

Претседателот на „светците“, Насер Ал Келаифи е спремен да ги задоволи сите барања на Шпанецот и да го донесе на лето на „Паркот на принцовите“ како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…