Дома Трансфер зона Рамос до Перез: Ми кажаа дека ПСЖ сака да направи страшен тим со мене и Меси

Рамос до Перез: Ми кажаа дека ПСЖ сака да направи страшен тим со мене и Меси

Серхио Рамос во претходните денови е во центарот на вниманието на шпанската јавност затоа што се повеќе се пишува за негово заминување од Реал Мадрид.

Рамос во Реал Мадрид пристигна од Севиља во летото 2005 година и веќе 15 години е стандарден член на првиот тим. Добро е познато што Рамос значи за Реал па затоа е изненадување што Реал дозволи Рамос да влезе во последните месеци од договорот и да може слободно да преговара со заинтересираните клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дека работите не одат во добра насока потврди и братот на Рамос кој е и негов агент.

„Некој ќе мора да објасни како и зошто дојдовме до оваа ситуација, капитенот и легендата на клубот да биде на оваа апсурдна листа играчи кои од денес можат слободно да преговараат и да се договрат со било кој клуб“, порача тој пред неколу дена.

Денес шпанските новинари објавија нови информации. Наводно Перез вчера конечно го контактирал Рамос и му понудил продолжување на договорот, понудата засега не се открива. Сепак, каква и да била таа понуда Раос ја одбил.

„Ваквата понуда нема да ја прифатам. Од ПСЖ ми кажаа дека прават страшна екипа во која можеме да бидеме јас и Меси“, наводно гласел одговорот од Рамос до Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…