Дома Фудбал Англија Рамзи се прости од Арсенал: Дојдов тука како тинејџер и со тешко срце заминувам (ФОТО)

Рамзи се прости од Арсенал: Дојдов тука како тинејџер и со тешко срце заминувам (ФОТО)

Денес и официјално беше потврдено дека Арон Рамзи од наредната сезона ќе игра за Јувентус.

Рамзи потпиша преддоговор со „старата дама“ во траење од четири години.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Потврдата стигна и од двата клуба, а потоа на друштвените мрежи се огласи и самиот фудбалер.

Рамзи им се заблагодари на навивачите беа покрај него и клубот во текот на 11-те години. Освен тоа вети и дека ќе даде 100% од своите можности за Арсенал до крајот од сезоната да оствари што подобар резултат.

„Како што веројатно веќе слушнавте, потпишав преддоговор со фудбалскиот клуб Јувентус. Сакав да дадам лично соопштение за сите навивачи на Арсенал кои беа екстремно лојални и полни со поддршка“.

„Ме дочекавте како тинејџер и бевте тука за мене низ сите успеси и падови со кои се сретнав со текот на времето. Со тешко срце заминувам после 11 неверојатни години во Северен Лондон. Ви благодарам“.

„Ќе продолжам да давам 100% од своите можности во надеж дека силно ќе ја завршиме сезоната, пред да го отворам моето ново поглавје во Торино“, напиша Рамзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…