Дома Фудбал Лига на шампиони Рамзи за украдениот гол од Роналдо: Извини Кристиано…(ВИДЕО)

Рамзи за украдениот гол од Роналдо: Извини Кристиано…(ВИДЕО)

Арон Рамзи денес му се извини на Кристиано Роналдо за „украдениот“ гол против Локомотив во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус гостуваше кај Локомотив Москва и до водство стигна уште во третата минута од натпреварот. Кристиано Роналдо изведе слободен удар, а голманот на домаќините направи голема грешка и топката му помина низ нозете, а истата од гол линијата во мрежата ја испрати Рамзи.

На почетокот изгледаше дека е нов гол за Роналдо во ова натпреварување, меѓутоа подоцна потврдено е дека стрелецот бил Рамзи кој во последен момент играл со топката.

Денес тој испрати извинување до својот соиграчи.

„Му се извинувам на Кристиано. Имав чуство дека голманот е блиску и дека може да ја стигне топката. Инстиктивно реагирав за да бидам сигурен дека топката ќе ја помине гол линијата“, изјави Рамзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Блиску 300 милиони за две ‘ѕверки’ – ПСЖ станува непобедлива машина!

ПСЖ би можел во летниот трансфер период да стане посилен со уште две спектакуларни имиња. …