Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да си замина од Торино после само една сезона, пренесува „Тутоспорт“.
Велшанецот не е задоволен од статусот кој го има кај тренерот Маурицио Сари и малата минутажа која ја добива, па сериозно размислува да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од друга страна пак тренерот на Јувентус нема ништо против да го пушти Рамзи и така да се ослободи од неговата висока плата.
Поранешниот играч на Арсенал минатото лето беше слободен агент и поради оваа причина му беше обезбедена прилично висока плата, во висина од 400.000 фунти неделно.
За Велшанецот интерес покажуваа неколку клубови од Премиер лигата, меѓу кои најсилен е интересот на Манчестер Јунајтед и Арсенал.