Дома Македонски спорт Ракометната репрезентација ќе биде прва која ќе настапи под името Северна Македонија

Ракометната репрезентација ќе биде прва која ќе настапи под името Северна Македонија

Олимпискиот Комитет (ИОК) во текот на вчерашниот ден ја прифати промената на нашето уставно име од Македонија во Република Северна Македонија.

Во оваа организацијата Македонскиот Олимписки Комиетет беше преименуван во Олимписки Комитет на Северна Македонија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После ова јасно е и дека во спортот наскоро ќе настапуваме под новото име. Први кој ќе истрчаат на некој терен под името Сверена Македонија ќе бидат ракометарите.

Нашата ракометна селекција на 10-ти април ќе игра против Исланд во натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Така новиот селектор кој неодамна беше именуван и го наследи Раул Гонзалез, Данило Брестовац ќе остане запишан во нашиот спорт како прв селектор кој ја предводел репрезентацијата под новото име.

Како што ИОК тоа го направи вчера се очекува во наредните денови новото име да стапи на сила и во останатите спортски организации како ФИФА, УЕФА, ФИБА…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…