Репрезентацијата на Македонија пристигна во Клуж (Романија), каде вечерва ќе го има и единствениот тренинг пред утрешниот вовратен дуел против Романија. Оваа средба ќе се одигра утре, во салата “Хориа Демијан“, со почеток во 17.30 часот по македонско време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што е познато, Македонија во овој дуел влегува со капитална предност од осум гола, извојувани во Скопје, (32:24).
Раул Гонзалез во Клуж отпатува со 17 ракометари, 16-мината од скопската средба плус голманот Златко Даскалоски.
Средбата со Романија ќе ја судат Германците Маркус Хелбиг и Ларс Гајпел, а делегат ќе биде Микаел Теландер од Шведска.