Плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ ќе се врати во Севиља од каде пристигна на „Камп Ноу“ во 2014 година.
Според шпанските медиуми двата клуба постигнале договор и Ракитиќ веќе пристигнал на лекарски прегледи во Севиља.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хрватот последната сезона го загуби местото во првиот тим на Барса, а новиот тренер Роналд Куман му порача дека за него повеќе нема место.
Ракитиќ откако ќе ги мине редовните лекарски прегледи ќе стави потпис на тригодишен договор со Севиља.
Играчот за врска имаше понуди од неколку клубови ширум Европа, но реши да се врати во Севиља каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Севиља сакаше да го донесе Ракитиќ како слободен агент, но според „Мундо Депортиво“ сепак ќе плати симболично обештетување.
Ivan Rakitic is back to Sevilla! Done deal and total agreement reached with Barcelona. He’s gonna sign for next three years. the Croatian midfielder is also having medical tests right now (as reported by @marca). Here-we-go ? #FCB #Sevilla #Barcelona #Rakitic
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 31, 2020