Дома Фудбал Ракитиќ: Навикнав на шпекулации, медиумите ме селат, но јас сум уште во Барса

Ракитиќ: Навикнав на шпекулации, медиумите ме селат, но јас сум уште во Барса

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ уште еднаш проговори за својата иднина во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последно време постојано се шпекулира за неговата иднина и медиумите постојано го „селат“ во други клубови.

Ракитиќ истакна дека навикнал на шпекулациите и тврди дека е среќен во Барселона.

„Веќе се навикнав на шпекулациите. Овде сум шест години и шест години се занимавам со тоа. Мора да се обидам да разберам дека фудбалот не е само спорт, туку има и повеќе од тоа. Медиумите постојано ме селат некаде, но јас се уште сум во Барселона“, истакна Ракитиќ.

„Се уште имам договор со Барселона, кога ќе потпишам договор секогаш сакам да го испочитувам до крај, а доколку тоа не се случи поради било која причина, тогаш ќе седнеме заедно и ќе зборуваме за тоа. Но, во моментов, пресреќен сум овде и размислувам за други работи, а не за трансфери“, заклучи Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Атлетико поднесе жалба против Барселона поради Хулиан Алварес

Раководството на Атлетико Мадрид поднесе официјална жалба до ФИФА и Кралската шпанска фудб…