Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ракитиќ до Меси: Се надевам дека утре ќе не гледаш како се радуваме

Ракитиќ до Меси: Се надевам дека утре ќе не гледаш како се радуваме

Утре на Мундијалот ќе гледаме и едно дерби, ќе се сретнат Хрватска и Аргентина, а во овој натпревар судир ќе имаат Иван Ракитиќ и Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тандемот од Барселона заедно освои се што може да се освои, но сега застанаа еден против друг на патот до пласманот на СП.

На денешната конференција освен селекторот на Хрватска, зборуваше и Иван Ракитиќ кој испрати порака до својот соиграч од Барселона.

„Што можам да го кажам, а што не го знае целиот свет. Тој сигурно ќе има свои моменти, тоа е неминовно. Против Исланд испрати осум удари кон голот, имаше и пенал, но тоа беше лош ден за него. На Меси ќе му покажаме дека Хрватска е една од најдобрите. Лео, ти посакувам се најдобро во животот, но не и утре. Се надевам дека на крајот ќе не гледаш како се радуваме“, изјави Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал Мадрид му нуди 23-годишен играч за врска на Манчестер Сити

Фокусот на Реал Мадрид целосно се пренасочи кон заминувања во последниве недели и клубот р…