Пред два дена каталонски Ел Мундо Депортиво, весник близок до Барселона, објави сензационална вест.
Имено, како што се наведува бразилската супер ѕвезда Нејмар, кој летово во најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, го замени „Камп Ноу“ со „Паркот на принцовите“, во покајание бара да се врати во Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според овој извор, Нејмар разговарал со соиграчите, управата на клубот и навивачите, односно по секоја цена сака да се врати летото 2019. година.
Но, тешко е да се поверува, дека епилогот би бил ваков – пред се навивачите повеќе не го сакаат, со оглед на тоа дека сметаат дека со форсираното заминување во Париз го издал клубот кој го лансираше во орбитата, потоа тешко е дека Барселона ќе прифати да ја плати откупната клаузула за Нејмар која изнесува дури 400 милиони евра, а потенцијалното враќање на „Камп Ноу“ сигурно нема да го забрза ниту фактот дека Бразилецот и каталонскиот гигант се на суд.
Иван Ракитиќ, играчот за врска на Каталонците, смета дека фантастично за Барселона би било да се врати Нејмар.
„Ако се прашувам јас, веднаш би го вратил. Не само поради односот кој го имам со него, туку и поради тоа каков играч е. Во својот тим секогаш би го ставил Нејмар“, истакна хрватскиот интернационалец по вчерашниот триумф над Малага.
Ivan Rakitic would love to see Neymar return to Barcelona. ? ? pic.twitter.com/T5VvvRtm50
— Goal (@goal) March 11, 2018
Ivan Rakitic was asked about Neymar's potential return after the away win over Malaga (2-0). The Croatian midfielder would be happy if this unbelievable transfer occurs. pic.twitter.com/NUcKIRzXyb
— FCBarcaNews&more (@FCBarcanews13) March 11, 2018